Српскиот голгетер и член на Њукасл Јунајтед, Александар Митровиќ, во последниот период е еден од најдобрите фудбалери на Рафа Бенитез, а полека станува прво име и кај фановите на тимот од „Сент Џејмс Парк“.
Србинот во средата против Престон постигна феноменален гол што ја потврдува неговата форма, а вчера во рамките од Чампионшип со два гола беше творец на победата за својот тим на гостувањето кај Престон. Тој за британските медиуми истакна дека е многу среќен во овој клуб, како и откри што би бил доколку не се занимаваше со фудбал.
– Од самиот старт сум среќен во овој клуб. Тој ми е еден од омилените. Го следев Њукасл цел мој живот и како дете имав два дреса и сонував да заиграм на „Сент Џејмс Парк“. Се сеќавам и на дуелите против Партизан – вели Митровиќ и додаде:
– Татко ми мислеше дека ќе бидам криминалец или кик-боксер. Можеби ќе беше во право доколу не бев фудбалер, морав некако да го искористам вишокот на адреналин – се пошегува голгетерот на Њукасл.
Митровиќ оваа сезона има одиграно осум меча за Њукасл во кои постигна пет гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение