Писмената задача на еден средношколец ја замолкна цела Србија на момент. Ученик од средното Угостителско училиште одговараќи на тема за писмена задача по српски јазик „Стојам на страна и набљудувам“, напишал нешто што веројатно многумина го мислат, но не се осмелуваат да го кажат. Тинејџерот од свој агол ја опишал состојбата во Србија, а од неговиот состав многумина заплакаа.
Неговата писмена задача ја пренесуваме во целост:
– Понекогаш ми доаѓа на глас да заплачам кога ќе погледнам каква е состојбата во нашата држава.
Секој ден се надевам дека еден ден ќе биде подобро.
Се будам, сонував уште еден во низата неосполнети соништа. Сонувам како фрижидерот е полн со намирници кои ни обезбедуваат живот. Сите сме сложни и на куп. Мајка ми и татко ми возбудено заминуваат на работа, водејќи сметка да не доцнат ни минута.
– Се барам во тој сон и сфаќам дека доцнам на доручек, а за доручек буквално нема ништо. Татко ми седи невработен во фотелја и слуша лаги од таканаречени политичари кои ги купиле дипломите. Секој ден зборуваат нови лаги кои им ги перат мозоците на луѓето.
Брат ми, дипломиран физотерапевт, келнерисува во некој стар ресторан. Луѓето немаат ни за леб додека тие се богатат. Мајка ми е единствената која нас не одржува во живот, вистински столб на семејството. Таква е државата со дипломите кои по дома фаќаат прашина. Воопшто нема работа бидејќи сите места се пополнети преку врски доволно само да однесеш пари и веќе од понеделник си на работа.
Девојчињата се угледуваат на спонзорушите и старлетите, а момците на криминалците. Се повеќе и повеќе се некултурни и безобразни луѓе, нормално и необразовани. Кога утре би паднал на улица, никој не би дошол да ми помогне, само би поминале преку мене. Образовните установи личат на естрада, голи стомаци, кратки суќњи, само уште микрофон им фали.
Во мојата куќа не може ниту еден ден да не помине без расправија. Се позајмуваме, враќаме и така до недоглед.
А јас… јас стојам настрана и набљудувам.
Сфаќам дека буквално не можам ништо да направам, немоќен сум и мал.. Никој не сака да ме сослуша..
Покрај се и понатаму останувам позитивен, млад бунтовник кој верува во подобро утре, напишал средношколецот кој на оваа писмена задача е оценет со пет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.