Доколку на „Гугл“ пребарувате „Зошто (името на некоја земја) е…“ тогаш пребарувачот автоматски ви ја дополнува реченицата со најчесто поставеното прашање. Пример, луѓето кои пребаруваат за Франција, најчесто го прашуваат „Гугл“ зошто Франција е под напад. За Шпанија, пак, прашуваат зошто е толку сиромашна. За Турција зошто воопшто се вика Турција (на англиски името на Турција е исто што и зборот за мисирка.
Според истражувањето на Џејкоб Маријан, кој бил доволно љубопитен да ги провери сите европски земји, овој октомври луѓето најмногу ги интересирало зошто Македонија се вика ФИРОМ.
За Србите се интересираат како тоа се толку добри во ватерполо, за Албанците зошто се муслимани, а за Русија – зошто ја бомбардира Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.