Вкупно 40 медицински стручни лица 16 часа ја работеа неверојатно тешката операција на раздвојување на близнаците чии глави беа споени. За среќа, зафатот е успешно завршен.
Џадон и Аниас Мекдоналд од Коал Сити во Илиноис се родиле со споени глави. По 13 месеци хирурзите решиле да ги раздвојат. Операцијата траеше од четврток наутро до петок.
Медицинскиот тим користел напредни технологии за да го раздвои черепот и ткивото на мозокот на двете момчиња. За време на зафатот пронашле простор од 5Х7 сантиетри ткиво на мозок без јасна линија на раздвојување, односно таканаречен заеднички мозок.
Вакви сијамски близнаци споени во пределот на главата се појавуваат еднаш на десет милиони живородени деца. Во САД секоја година се раѓаат околу четири милиони близнаци, а според истражувањата во последните 20 години во САД не се родил ваков случај.
По операцијата, децата седум дена ќе бидат под надзор и инкубирани.
Според Никол Мекдоналд, мајката на момчињата, атмосферата во болницата е „славење помешано со несигурност“. Според нејзините зборови, Џардон операцијата ја поднел многу подобро од Аниас, чиј број на отчукувања на срцето и крвниот притисок паднал кога хирурзите почнале да го сечат ткивото кое го покрива неговиот мозок. Се очекува дека во времето на заздравуање, може да се јави некој облик на парализа.
– Следните неколку месеци ќе бидат важни во нивното заздравување и уште не знаеме како ќе тече закрепнувањето. Замрзната сум во времето и во просторот, но мојата верба е голема. Ќе седам овде додека пак не ги видам нивните насмевки – изјави мајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.