| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите демантираат дека се вмешани во продажба на бебето

Родителите на бебето, за кое на интернет беше објавено дека се продава, демантираат дека се вмешани во продажбата, соопшти денеска полицијата на германскиот град Дајсбург.

Девојчето родено пред 40 денови во средата беше одземено од социјалните служби откако еден ден претходно на „И-беј“ беше објавено дека се продава за 5.000 евра.

Полицијата почна истрага за евентуална трговија со луѓе и се обидува да утврди кој стои зад огласот и дали истиот е сериозен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top