| четврток, 6 декември 2018 |

Интер во јануари ќе се засилува во Келн?!

jonas-hektor

Калчолигашот Интер е подготвен во текот на зимата да понуди 30 милиони евра за левиот бек на Келн, Јонас Хектор, тврдат медиумите од Германија.

Тренерот на „нероазурите“, Франк де Бур, е голем љубител на играта на Хектор и го сака по секоја цена во своите редови и им порачал на челниците на клубот да го доведат играчот на „Џузепе Меаца“.

26-годишниот фудбалер има 24 настапи за репрезентацијата на Германија, а Интер ќе треба да побрза со ангажманот затоа што и Ливерпул и Тотенхем покажуваат интерес за негов трансфер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top