| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица загинати од петарди и неколку случаи на сексуално вознемирување е билансот од новогодишната ноќ во Германија

Во текот на новогодишната ноќ во Германија две лица загинале од повреди предизвикани од петарди. Станува збор за 35-годишен маж и 19-годишно момче кои починале во пошироката област на Берлин од повреди од домашно изработени петарди.

Полицијата во Келн во текот на новогодишната ноќ регистрирала и неколку случаи на сексуално вознемирување, додека полицијата во Берлин соопшти дека имало десетина такви случаи, а за време на прославата пред Бранденбуршката порта имало и неколку апсења.

Германската полиција со засилено обезбедување настојуваше да спречи поголеми инциденти во текот на новогодишната ноќ, како оние од 2016-та година во Келн, кога десетици жени беа нападнати и ограбени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top