Еден од најкотроверзните фудбалери во историјата, Диего Арамандо Марадона овие денови е доста актуелен како со своите изјави за Икради, Тоти…, но и на теренот каде настапи на мечот на мирот во Рим каде пак неочекувано влезе во конфликт со својот сонародник Хуан Себастијан Верон.
Од друга страна пак Дон Диего беше активен и за шпанска „Марка“ во која освен што говореше за Лионел Меси и Кристијано Роналдо, одговори и кој менаџер му е омилен. Можеби и изненадувачки неговиот избор е германецот Јирген Клоп.
– Јирген Клоп во Ливерпул. Го сакам тоа што го пренесува, тој е тип кој ти дава доверба, претходно во Борусија Дортмунд сега во Премиер лигата. Клоп секогаш гледа напред,-рече поранешниот ас на Наполи и Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.