Фудбалерите на Ливерпул синоќа го декласираа Порто на гостувањето во Португалија со високи 0-5 и практично веќе се во четврт-финлето од Лигата на шампионите.
„Црвените“ синоќа одиграа одличен натпревар, а по мечот и самиот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека не очекувал толку лесна и висока победа.
– Момците уживаа после натпреварот затоа што одработија уште една одлична работа и тоа е најважно. Видов фантастична претстава и ваков резултат е можен само ако играте на ниво. Па, обично не е толку лесно да се победи, изјави Јирген Клоп, а запрашан за тоа како фудбалерите ќе ја прослават победата, Германецот одговори:
– Ако мислите на алкохол, треба да знаете дека тие не пијат. Ова е една поинаква генерација. Може да останат нешто подолго будни, но сите се заморни и мислам дека многу убаво ќе спијат, додаде Клоп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.