| четврток, 6 декември 2018 |

Лалана: Кога е бесен, Клоп сака да зборува германски

Англискиот играч за врска, Адам Лалана веќе подолго време е надвор од фудаблските терени, а деновиве играчот на Ливерпул откри интересен детал за својот менаџер Јирген Клоп кој во последно време се најде под голем притисок на јавноста во Англија.

– Едноставно има моменти кога тој сака да го користи мајчиниот јазик. Тоа особено се изразува кога е комплетено бесен. „Еб… сакам да ти зборувам на германски“ се зборовите кои најчесто ги изустува кога е бесен. Неговиот англиски е навистина одличен, јас разбирам се што сака да каже, но кога е фрустриран, очигледно најдобро знае да се изрази на мајчиниот јазик. Навистина уживам во соработката со него, знае да ти каже кога си добар, но и кога грешиш. Прегратките кои ни ги дава, исто така се оригинални и одлика за неговата човечност, вели Лалана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top