На Ливерпул му побегнаа два бода кои веќе беа впишани по прекрасниот гол на Салах против Тотенхем. Но судиите направија збрка со вториот досуден пенал за Тотенхем, длабоко во судиското надополнување и „спарси“ се вратија непоразени од „Енфилд“ (2-2).
Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп не го криеше своето големо разочарување по судиските одлуки, кои според Германецот директно влијаеја на резултатот.
– На резултатот најмногу влијаеше судискиот критериум и одлуките на помошникот судија. Не ми дозволија еден и пол час после натпреварот во судиската соблекувална и да им кажам што мислам. Неверојатно е што човекот досуди, не знам што зборуваа меѓу себе после досудениот прв пенал за Тотенхем. При вториот пенал знам дека Ван Дијк го допре Ламела, но сите знаевме дека Аргентинецот го бара контактот и лесно паѓа. Жално е што еден помошник судија сакаше да биде во центарот на вниманието, рече германскиот стручњак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.