Деновиве кога едниот од најдобрите поединци на тимот од „Енфилд“, Филипе Кутињо е во центрарот на вниманието и главна мета на Барселона, медиумите од Островото на големо пишуваат дека стандарниот првотимец во дресот на бразилскиот прволигаш Гремио, Луан, е најновата желба на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Трофејниот германски стручњак е спремен за него да одвои околу 25 мил. фунти за да се осигураат услугите на 24-годишниот играч за врска, а дали е тој една од можните замени за Кутињо, останува да видиме до крајот на предодниот рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.