Гвинет Палтроу и Крис Мартин го сретнале корејскиот рапер Псај на гала-вечерата во музејот „Метрополитен“ и го замолиле да се фотографира со нив. Псај прифатил, но според зборовите на актерката, немал поим кои се тие.
– Нашите деца го обожаваат и кога го видовме, го замоливме да се фотографираме, прифати, но беше очигледно дека нема поим кои сме – напиша на „Твитер“ актерката.
Подоцна и Псај ги ставил фотографиите на својот профил, очигледно некој му објаснил дека се сликал со добитничката на „Оскар“ и со музичарот, чијшто последен албум се продаде во осум милиони примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.