| четврток, 6 декември 2018 |

Разликата помеѓу нив е 14 години, но која е постара?

За спектакуларниот настап на Лејди Гага на полувремето на „Супер боул“ во САД се зборува со денови, но нејзиниот изглед, исто така, стана тема на многу дебати, а една од нив се одвива на профилот на „Инстаграм“ на Гвинет Палтроу. Актерката, објави селфи со пејачката и предизвика лавина од коментари.

– Не ја препознав Гага додека не прочитав под фотографијата за кого станува збор. Изгледа многу постаро во однос на Гвинет – вели еден од коментарите.

„Неверојатно е колку Гвинет изгледа помладо од Лејди Гага“ и „Новото лице на Гага (бидејќи е очигледно дека отишла под нож) се’ уште изгледа псотаро од Гвинет“, се само дел од останатите коментари.

Всушност, Гага има 30, а Гвинет 44 години.

Холивудската актерка често на „Инстаграм“ објавува фотографии на кои нема ниту трошка шминка. Така направи и на нејзиниот 44-ти роденден, кога напиша дека „го прифаќа своето минато и иднина” и од фановите доби многу позитивни коментари.

#nomakeup for my 44th birthday, embracing my past and future. Thank you for the instalove #goopgoesmakeupfree @goop

A photo posted by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on


Од друга страна, Лејди Гага која има само 30 години, доби многу критики на сметка на својот изглед. Следбениците на „Инстаграм“ истакнуваат дека претерала со естетски корекции и дека со толку драматична шминка изгледа барем една деценија постаро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top