Американската актерка Гвинет Палтроу во последно време посветува многу внимание на својот портал „Гуп“ каде што дели совети од секојдневниот живот и за здравјето.
Камења во вагината, совети од човек кој верува дека гледа духови, оросување на вагината, детално упатство за анален секс – сето тоа можете да го прочитате на сајтот на оскаровката Палтроу.
Најновиот рецепт на „Goop“ содржи една состојка која се вика токос. Лекарката Џен Гунтер, како и повеќето луѓе не знаеле што е тоа, па одлучила малку да истражува.
– Тоа се сирови трици од растворлив ориз. Триците од ориз се сочинети од корки од кафеав ориз кој е отфрлен при избелувањето. Буквално отпадок. Во прв момент звучи поздраво од белиот ориз, но, всушност, не е, бидејќи содржи високо ниво на арсен кој е канцероген. Арсенот се крие во оризот и тоа најмногу во кафеавиот ориз. А триците од оризот имаат дури 10-20 пати повеќе арсен отколку што го има во обичниот ориз – навела во својот пост.
Докторка Гутнер ја критикувала Гвинет што свесно ја „игнорира науката кога и да и одговара тоа“, а луѓето кои пишуваат за нејзиниот сајт воопшто не се запознаени ниту со неа.
– На уредниците воопшто не им е грижа и очигледно поим немаат за тоа штом можеле токосите да ги означат како „тренди“ производ, а сметале на тоа дека никој се уште не го истражил тој производ. Мислам дека е лицемерно на сајтот да се промовираат напивки за детоксикација кои ќе го спречат настанувањето на рак, а потоа да се продава производ кој во Кина е забранет поради недозволеното ниво на арсен – заклучила лекарката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.