Актерката Гвинет Палтроу планира да се омажи за нејзиното момче, продуцентот Бред Фалчук, во текот на оваа година.
Палтроу неодамна го финализира разводот со фронтменот на британската група Coldplay Крис Мартин, со кого има две деца.
Веќе официјално слободна, 43-годишната актерка почнала да прави планови за скромна свадба со Фалчук есенва, па ангажирала и свадбен агент.
Неименуван извор од опкружувањето на Гвинет Палтроу, цитиран од списанието Хит, исто така, тврди дека актерката сака бебе од 45-годишен избраник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.