Момчето веднаш после последниот свиреж на судијата во квалификационит натпревар помеѓу Македонија – Италија успеа да му побегне на обезбедувањето и да се сретне со неговиот идол Буфон кој му ја подари неговата десна ракавица.
Инаку на социјалните мрежи се појавија гласини дека на момчето му била одземена ракавицата од страна на некој од обезбедувањето во стадионот.
Но, Анид демантираше и нè осигура дека ракавицата се уште е кај него.
-Вчера го доживеав еден од најубавите моменти во мојот живот. Бев присутен на натпреварот Македонија-Италија и со брат ми направивме план како да влеземе на теренот и да се сретнеме со легендата Џанлуиџи Буфон. Откако влегов во теренот, трчав накај Буфон и го прегрнав, а тој ми ја подари неговата ракавица, напиша малиот Анид на социјалните мрежи по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.