Гугл објави хронолошки наредени фотографии снимени од сателитот Ландсат од 1984 година до 2012 година кои сведочат за тоа како Земјата се менувала под влијанието на луѓето. Проектот е изработен заедно со магазинот Тајм, НАСА и Геолошкиот институт на САД.
– Веруваме дека ова е најопсежна слика на промените кои ги претрпела нашата планета во период од 28 години, пишува на официјалниот блог на Гугл.
Целта на проектот е да се поттинат луѓето ширум светот да размислат за тоа како живеат и каде одиме во иднината.
Благодарение на проектот и македонските граѓани можат да видат какви промени се случиле од 1984 година до 2012 година во светот, но и во местата каде што тие живеат.
Како најинтересни ги одбравме промените во Скопје, Битола, Велес и Дојран, вие проверете ги останатите. Најсериозните промени во светот, како на пример, топењето на глечерите на Арктикот, уништувањето на дождовните шуми во Амазон, експанзијата на брегот во Дубаи, сушењето на Аралското Море погледнете ги тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


