Белгиското министерство за одбрана ќе го тужи Гугл поради непочитување на барањето на сателитските снимки да се затемнат чувствителните воени подрачја, пренесува Ројтерс.
„Министерството за одбрана ќе го тужи Гугл“, соопшти портпаролот на белгиското министерство, не навлегувајќи го детали.
Гугл ги почитува барањата на други влади, кои се загрижени дека сателитските снимки можат да ја загрозат безбедноста на државата, но сѐ уште нема коментар околу тврдењата на Белгија.
Бомбашите-самоубијци кои стоеја зад нападите во Брисел во 2016, Халид и Ибрахим ел Бакрауи, наводно планирале напади врз белгиски нуклеарни централи. Француските нуклеарни централи, на пример, се затемнети на Гулг, за разлика од белгиските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.