Дадилка е обвинета за злоставување на дете откако на скриена камера е фатена како го тепа. На вознемирувачката снимака може да се види како дадилката Лилијан Д. Вајт од Кентаки, САД, за нога го влече четиригодишното дете, кое има Даунов синдром, срцеви проблеми и епилепсија.
Подоцна таа седнува врз главата на детето и го навредува.
Тифани Филдс, мајката на малиот Лук, ја поставила камерата откако забележала дека детето чудно се однесува.
По пријавата во полиција, дадилката е уапсена. Пред судот изјавила дека не се чувствува виновна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.