| четврток, 6 декември 2018 |

Стигнаа тобоганите за аква паркот во Скопје

Скопскиот Аква Парк кој се гради зад спортскиот центар Борис Трајковски се очекува да биде во функција во јуни. „Прес 24“ објави фотографии до каде се градежните работи во него.

Аквапаркот ќе содржи десет тобогани, мрзлива река, базен со бранови, кафулиња, ресторани и детски базен со т.н. детски свет со содржина од „Пиратите од Карибите“.

Со изградбата на аквапаркот метрополата ќе се движи во насока на модернизација, туристичка атракција и збогатување на градот со рекреативни содржини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top