| четврток, 6 декември 2018 |

Од сабота почнува со работа Аква паркот во Скопје

Аква паркот кој работи во склоп на СЦ Борис Трајковски ја започнува новата, шеста сезона по ред оваа сабота на 09.06.2018 година. Летната авантура продолжува и оваа година на  бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот… каде ќе можат да уживаат малите, но и големите.

-Оваа година во аква паркот има нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и за прв со три бара за пијалоци. Задолжени за добра забава на спекталураното отварање ќе бидат диџеите на Сити Радио Диџеј Дела и Диџеј Боби заедно со Диџеј Ампов, велат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top