| четврток, 6 декември 2018 |

В сабота „Аква паркот“ ја почнува сезоната

„Вип АКВА ПАРК“, кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, со огромно задоволство го најавува стартот на новата, четврта сезона која започнува на 11.06.2016 година.

Fotografija_2

-Летната авантура во „Вип АКВА ПАРК“ продолжува и оваа година. Тоа е место на кое ќе можат да уживаат и малите, но и големите. Одличните услови кои ги нудиме, најмодерните тобогани со најразлични ефекти, базенот со бранови, мрзливата река, бумерангот, спејс бал, како и многу други изненадувања, се само дел од овогодинешната успешна приказна која треба да ја испишеме. Минатагодишната посетеност на „Вип АКВА ПАРК“ ни беше доволна потврда  дека нашата понуда е исклучиво адаптирана спрема можностите и потребите на граѓаните, и од тие причини цените на билетите ќе останат идентични како и минатата година. За безбедноста на посетителите и оваа година ќе се грижат 36 лиценцирани спасители од Црвениот крст, вклучувајќи и медицинска екипа. Сепак, сакам дополнително да апелирам до посетителите да ги следат пропишаните „БОН ТОН“ правила при посета, сè со цел да се испише уште една успешна приказна оваа сезона, вели Златко Перински, директор на СЦ Борис Трајковски.

Fotografija_3

Билет за „Вип АКВА ПАРК“ ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%. „Вип АКВА ПАРК“ ќе работи секој ден од 10 до 20 часот.

Капацитетот на „Вип АКВА ПАРК“ е ограничен на 1.000 посетители, пред сè поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на „Вип АКВА ПАРК“ ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.

Доколку сакате да добиете подетални информации за активностите и цените на билетите на Аква паркот можете да ја посетите официјалната веб страна на СЦ Борис Трајковски.

http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/kapaciteti/akva-park

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top