| четврток, 6 декември 2018 |

Аква паркот во Скопје ја почнува сезоната в сабота

Од сабота 10 јуни започнува со работа петта сезона на „Вип Аква парк“, кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“. Аква паркот и оваа година ќе понуди многу содржини за забава меѓу кои базенот со бранови, бумерангот, мрзливата река, спеј балот…

Како што информираат од Спортскиот центар понуда е адаптирана спрема можностите и потребите на граѓаните, а за безбедноста на посетителите оваа година ќе се грижат 34 лиценцирани спасители од Црвениот крст, вклучувајќи и медицинска екипа.

Цената на Билетите е иста како лани, односно дневен билет ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30 проценти. Аква паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот, а неговиот капацитет е ограничен на 1.000 посетители, поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на аква паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top