| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп доби модерен Аква парк (галерија)

На површина од 4.500 метри квадратни со изградени тобогани, лизгалки, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лежалки, стејџ, административна зграда со ресторан,  кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални и прва помош, градот под Марковите кули ја доби новата летна атракција – Аква Парк.

-Присуствуваме на еден од поубавите приватни проекти на фирмата Салида и хотелот Салида, поточно на фамилијата Горгиоски тоа е Аква паркот каде со помош на Локалната самоуправа, со промена на генералните и деталните планови овој проект беше ставен и во програмата на ЛС како примарна инвестиција која ќе се инвестира во овој период, навистина е еден интересен проект кој што многу ќе значи за развојот на спортот, забавата како и за развојот на туризмот во градот, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

-Прилеп доби Аква парк еден од помодерните во Македонија, пред се е чест за сите прилепчани и за целиот регион. Аква паркот располага со тобогани, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода…, имаме подготвено забава како за помалите така и за повозрасните, а цената за користење на Аква паркот ќе чини 150 денари, посочи Ице Горгиоски сопственик на Аква Паркот.

Прилепчани со нетрпение ја очекуваат новата атракција, местото за забава и разладување во летните горештини.

-Пресреќни сме што Прилеп доби Аква парк, ќе можеме да го користиме со внучињата. Ќе доаѓаме на ноќно капење и забава овде, посочија помладите.

Аква паркот овозможи нови работни места, за лица кои се ангажирани во угостителските објекти,  кафе-баровите и ресторанот, има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош.

Објектот поседува и стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.

 

извор:Шеталиште.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top