| четврток, 6 декември 2018 |

Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија

Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на електронската аукциска куќа за недвижен имот Е-аукција.мк и консултантската компанија „Нолиџ центар“ (Knowledge center).

На конференцијата ќе бидат презентирани актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија и ќе се укаже на можностите кои постојат во овој сектор. Настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во оваа област.

Според најавата од организаторите, на конференцијата ќе се обратат вицегувернерот на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини Славче Трпески, како и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската комора на РМ, и Бранко Ѓуровиќ, проект- менаџер на Е-аукција.мк.

Е-аукција.мк е прва електронска аукциска куќа за недвижен имот во регионот. Таа е производ на проектот „Аукциски тигар“, поддржан од компанијата „Нолиџ центар“ и Фондот за иновации на РМ. Целта на „Аукциски тигар“ е да го раздвижи пазарот на недвижнини во земјава, да понуди решение за побрзи трансакции и зголемување на ликвидноста на компаниите и институциите кои имаат имот по основ на побарувања, да го отвори пазарот за странски инвеститори и фондови кај кои електронското наддавање е воспоставена пракса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top