| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за кумановката која по раѓањето бебето го ставила во корпа за отпадоци

Полицијата поднесе кривична пријава против 19 годишната А.М. од Куманово која е осомничена дека на 8 август родила живо женско дете, а потоа го ставила во корпа за отпадоци и го фрлила зад куќата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство на дете при породување“. Пријавената на 18.08.2016 година, откако добила породилни болки, се затворила во купатилото каде родила живо женско дете кое потоа го ставила во корпа за отпадоци и го фрлила позади семејната куќа. Од страна на полициски службеници бил извршен увид на местото на настанот, а од извршениот претрес било пронајдено мртвото новороденче ­ соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top