| четврток, 6 декември 2018 |

Го пропатував целиот свет, но се вљубив во Македонија

Јас ја са­кам Ма­ке­до­ни­ја, ов­де најм­но­гу ми се до­па­ѓа­ат хра­на­та, лу­ѓе­то, енер­ги­ја­та, при­ја­те­ли­те, кои ги имам мно­гу. Ма­ке­до­ни­ја е ма­ла, ама има лу­ѓе со го­ле­мо ср­це, ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ Ку­бан­ка­та Јас­мин Лоп­зез Ри­ве­ра, ко­ја во зем­ја­ва жи­вее и ра­бо­ти ве­ќе две го­ди­ни. Ка­ко му­зич­ки умет­ник ра­бо­те­ла во Ази­ја, во зем­ји во Евро­па, дош­ла во Ма­ке­до­ни­ја со до­го­вор од три ме­се­ци, за­ми­на­ла за Ма­ле­зи­ја, но ре­ши­ла да се вра­ти ов­де. Ту­ка, ка­ко што ве­ли таа, има свое се­мејс­тво, ов­де ја за­поз­на­ла и сво­ја­та љу­бов, неј­зи­ни­от сон е пре­ку му­зи­ка­та да до­пре до ср­це­то на лу­ѓе­то, учи за ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­ја, ве­ра и кул­ту­ра, Ма­ке­до­ни­ја ја са­ка и ја чув­ству­ва ка­ко сво­ја

Ко­га прв­пат се срет­на со Ма­ке­до­ни­ја?

Ривера: Во Ма­ке­до­ни­ја сум две го­ди­ни, а прв­пат дој­дов во април 2014 го­ди­на.

12074662_1662340850712164_1097461410357769355_n

Има ли во Ма­ке­до­ни­ја не­што што те по­тсе­ту­ва на Ку­ба?

Ривера: Има­ме мно­гу слич­но­сти, но и ра­бо­ти во кои во це­лост се раз­ли­ку­ва­ме и ка­ко на­род ка­ко зем­ја. Ко­га дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја на­и­дов на иста топ­ли­на и љу­бов во се­мејс­тво­то ка­ко и кај нас. Важ­но­ста на фа­ми­ли­ја­та, по­чит­та кон по­во­зрас­ни­те, ко­ја ов­де е мно­гу зна­чај­на, е исто тол­ку важ­на и во Ку­ба. Се­пак, ко­га ста­ну­ва збор за тра­ди­ци­о­нал­ни за­ба­ви, во Ку­ба тие се ор­га­ни­зи­ра­ат со­се­ма по­и­на­ку. Ту­ка се пра­ват по­де­ле­ни за­ба­ви, што, искре­но, мно­гу ме из­не­на­ди, би­деј­ќи кај нас ка­ква и му­зи­ка да се пу­шти, лу­ѓе­то, ед­но­став­но, ста­ну­ва­ат и тан­цу­ва­ат. Ва­ков на­чин на за­ба­ва не е при­ро­ден за ни­е­ден Ку­ба­нец.

Ов­де е по­треб­но се­ко­ја ве­чер да има за­ба­ви со раз­лич­на му­зи­ка, за да дој­дат тие лу­ѓе што ја слу­ша­ат и да се за­ба­ву­ва­ат. Од дру­га стра­на, пак, на­чи­нот на кој лу­ѓе­то се дру­жат ов­де со при­ја­те­ли­те е со­се­ма ист, исто та­ка го­ле­мо зна­ча­ње се да­ва и на тоа де­ка си од­во­ил вре­ме за да по­ми­неш со дру­га­рот. Бли­зи­на­та со при­ја­те­ли­те и ов­де и во мо­ја­та зем­ја е иста, на при­мер: и ти и при­ја­те­лот има­те са­мо уште по пет де­на­ри в џеб, но ве­ли­те: „ти имаш пет, јас имам пет, оди­ме на за­ба­ва“.

Тоа е таа енер­ги­ја што ме др­жи ов­де, ма­ке­дон­ски­от на­род со сво­ја­та по­да­де­на ра­ка, на­ви­сти­на, оста­ва впе­ча­ток де­ка ов­де мо­же се­кој стра­нец да осте­не и да жи­вее за­се­ко­гаш. Исто та­ка, мо­рам да истак­нам де­ка ов­де, на­ви­сти­на, бев при­јат­но из­не­на­де­на од тра­ди­ци­о­нал­ни­от на­чин на ор­га­ни­зи­ра­ње­то свад­би. Во Ку­ба не е та­ка, на вен­ча­вка­та не ѝ се при­да­ва тол­ку го­ле­мо зна­че­ње. Ту­ка е со­се­ма по­и­на­ку. Пр­во вре­ме­то што е по­треб­но за ор­га­ни­зи­ра­ње на ед­на свад­ба, па вен­ча­ва­ње­то в цр­ква, кое, на­ви­сти­на, е не­што пре­крас­но. Ов­де свад­би­те се со­ци­ја­лен на­стан, кој има го­ле­мо зна­че­ње. Ту­ка све­до­ци­те на вен­ча­вка­та се сме­та­ат за фа­ми­ли­ја. Јас лич­но ја имав че­ста по­крај мо­јот парт­нер да би­дам ку­ма на ед­на ма­ке­дон­ска свад­ба, не зна­ев ни­што за тоа кол­ку е важ­на мо­ја­та уло­га на свад­ба­та. Це­ре­мо­ни­ја­та во цр­ква­та, му­зи­ча­ри­те сви­реа за ме­не, се­дев на ма­са со мла­до­жен­ци­те, вни­ма­ни­е­то што го до­би­вав од лу­ѓе­то, се пра­шу­вав што е ова? И не са­мо свад­ба­та, и по­тоа, ти ста­ну­ваш дел од таа фа­ми­ли­ја, на не­кој на­чин тоа е го­ле­ма од­го­вор­ност. За ме­не ова бе­ше ед­на од ра­бо­ти­те што, на­ви­сти­на, ми зна­че­ле во жи­во­тот. Јас, мо­же­би, сум и единс­тве­на­та или ед­на од не­кол­ку­те Ла­тин­ско­а­ме­ри­кан­ци што ја има­ле че­ста да ку­му­ва­ат на ма­ке­дон­ска свад­ба.

12289552_1673914792888103_961357550693391110_n

Ти бе­ше ли те­шко да поч­неш да жи­ве­еш ов­де?

Ривера: Од по­че­то­кот мо­и­те при­ја­те­ли ми по­ма­гаа мно­гу, по­себ­но за ја­зи­кот. Зна­е­те, иа­ко сум ов­де две го­ди­ни, сѐ уште има ра­бо­ти со кои не мо­жам да се снај­дам, на­чи­нот на кои функ­ци­о­ни­ра­ат не­шта­та, по­треб­ни­те доз­во­ли и до­ку­мен­ти. Во очи­те на ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво јас по­ве­ќе не сум стра­нец и по­ра­ди тоа мо­рам да ги сле­дам и по­чи­ту­вам пра­ви­ла­та. Мо­и­те при­ја­те­ли ми по­ма­га­ат око­лу се­то тоа. Ов­де јас имам свое се­мејс­тво, лу­ѓе што ме при­фа­ти­ја ка­ко да ми се ро­ди­те­ли. Тие ме на­у­чи­ја на си­те ос­нов­ни ра­бо­ти, кои тре­ба да ги знам за да жи­ве­ам во зем­ја­ва. Имам „ба­ба“ што и де­нес ме по­пра­ва ко­га ќе по­гре­шам не­кој збор на ма­ке­дон­ски, тоа се­мејс­тво е на­ви­сти­на зна­чај­но за ме­не, не ми ја отво­ри­ја са­мо вра­та­та на сво­јот дом, ту­ку и сво­ја­та ду­ша. Ов­де имам и дру­гар­ка, ко­ја ја са­кам ка­ко се­стра.

13241211_1740515352894713_24390190959348427_n

Ти си со­ци­о­лог по про­фе­си­ја, но му­зи­ка­та е тво­ја опре­дел­ба, тан­цу­ваш, сви­риш на не­кол­ку ку­бан­ски ин­стру­мен­ти, пе­еш, ко­ја е тво­ја­та оце­на, ти се до­па­ѓа ли ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка?

Ривера: Да, вие има­те мно­гу уба­ва му­зи­ка, јас ужи­вам ко­га слу­шам ста­ра ма­ке­дон­ска пес­на, ед­но­став­но, от­пу­шта, има­те уба­ви ора, и ов­де лу­ѓе­то, на­ви­сти­на, мно­гу уба­во пе­ат. Знам да играм и не­кол­ку ма­ке­дон­ски ора, ста­ро­то ма­ке­дон­ско оро „Пај­ду­шко“, има­те го­ле­мо му­зич­ко бо­гат­ство во ва­ша­та зем­ја.

11403100_1625178891095027_6813261437999940486_n

Ве­ќе ка­жа де­ка не се чув­ству­ваш ка­ко стра­нец ов­де, но и де­ка со се­кој из­ми­нат ден учиш не­што но­во за Ма­ке­до­ни­ја, што е тоа што најм­но­гу те ин­те­ре­си­ра?

Ривера: Јас бев ед­на не­де­ла во жен­ски­от ма­на­стир „Све­ти Ѓор­ги“ во Рај­чи­ца, та­му спи­ев, тоа го на­пра­вив со цел да ја по­чув­ству­вам ве­ра­та низ ва­ши­те ве­ру­ва­ња, по­стев по­ве­ќе од 20 де­на. Јас мис­лам де­ка ко­га си во зем­ја тол­ку да­ле­ку од сво­ја­та, тре­ба да се по­тру­диш да ја на­у­чиш, за да ги раз­бе­реш лу­ѓе­то око­лу се­бе, та­ка ќе жи­ве­еш во хар­мо­ни­ја со нив и зем­ја­та ќе ја при­фа­тиш ка­ко сво­ја.

13001308_1726489344297314_3833350624427991598_n

Спо­ме­на­ де­ка ов­де најм­но­гу ти се до­па­ѓа хра­на­та, да­ли е по­и­на­ква од Ку­ба?

Ривера: Ком­би­на­ци­и­те што ги пра­ви­те ов­де со хра­на се, на­ви­сти­на, по­и­на­кви откол­ку кај нас. Во Ку­ба ре­чи­си се­кој ден во не­де­ла­та се ја­де ориз, во Ку­ба ни­ка­ко не се пие јо­гурт без ше­ќер, до­де­ка ов­де е тра­ди­ци­ја да се пие јо­гурт со бу­рек, ние ни­ко­гаш не би го кон­су­ми­ра­ле на тој на­чин.
Ние на се­кој мо­жен на­чин ком­би­ни­ра­ме сол и ше­ќер, тоа ту­ка не се пра­ви. Тра­ди­ци­о­нал­на хра­на кај нас е ориз и грав зго­тве­ни за­ед­но. Ту­ка оваа ком­би­на­ци­ја до­се­га ја не­мам срет­на­то.

Ко­га би те по­се­ти­ле при­ја­те­ли­те од Ку­ба , ка­де би ги од­не­ле пр­во?

Ривера: Во Охрид, во ку­бан­ско ка­фу­ле, но и да би­дат дел од ма­ке­дон­ска за­ба­ва со ва­ша му­зи­ка. Би са­ка­ла да ги од­не­сам и во си­те ре­сто­ра­ни ка­де што се слу­жи тра­ди­ци­о­нал­на хра­на, а ако имам мож­ност да ги про­ше­там и во дру­ги­те гра­до­ви на зем­ја­та би­деј­ќи јас имам на­ста­пу­ва­но во мно­гу гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја, но Ге­вге­ли­ја и При­леп најм­но­гу ми се до­па­ѓа­ат, а жел­ба ми е да оти­дам во Би­то­ла.

12961629_1726436087635973_6682755045575742131_n

При­ја­те­ли, се­мејс­тво, љу­бов, кумс­тво, да­ли се тоа ра­бо­ти­те што те др­жат ов­де?

Ривера: Ком­би­на­ци­ја од сѐ што спо­ме­на­вте, но јас мис­лам де­ка тоа што ме др­жи ов­де е со­нот да на­пра­вам не­што со што ќе ги на­пра­вам лу­ѓе­то среќ­ни пре­не­су­вај­ќи им дел од мо­ја­та кул­ту­ра. Са­кам да ги де­лам со нив му­зи­ка­та, пес­на­та, тан­цот. Исто та­ка, и по­мис­ла­та де­ка се­кој ден се бу­ди­те среќ­ни и зна­е­те де­ка сѐ ќе би­де во ред е мно­гу важ­на за мо­јот пре­стој ов­де би­деј­ќи јас во Ма­ке­до­ни­ја го про­нај­дов сво­јот мир. Во Ку­ба е со­се­ма по­и­на­ку, се­га во Ку­ба се слу­чу­ва со­ци­јал­но-по­ли­тич­ко пре­ви­ра­ње и не се знае во ко­ја на­со­ка ќе се дви­жат ра­бо­ти­те. Не се знае да­ли ќе ѝ се слу­чи еко­ном­ски ко­лапс на зем­ја­та. За­тоа, ако ве­ќе не­што та­кво ја снај­де мо­ја­та зем­ја, пре­фе­ри­рам тоа да го доз­на­ам од ве­сти, гле­дај­ќи го од ту­ка.

13173822_1737987336480848_1729076531361542657_n

Ов­де за­ед­но со тво­јот парт­нер има­ш учи­ли­ште за со­ци­јал­ни тан­ци, ка­жи ми не­што по­ве­ќе за тоа?

Ривера: Пре­ку на­ши­те ча­со­ви ние би са­ка­ле да им по­ка­же­ме на лу­ѓе­то ка­ко мо­жат да ужи­ва­ат на си­те за­ба­ви, но во ла­тин­ски стил. Да мо­жат да се дви­жат, да би­дат дел од би­ло ко­ја за­ба­ва, а не да се са­мо наб­љу­ду­ва­чи ка­ко што ов­де нај­че­сто се слу­чу­ва. Ова е мал­ку по­и­на­ков ри­там од ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка, но е мно­гу по­ед­но­ста­вен. Са­ка­ме да им по­ка­же­ме на лу­ѓе­то ка­ко да ја про­нај­дат му­зи­ка­та во се­бе, при­род­но да за­и­гра­ат, без да се сра­мат. Про­гра­ма­та е во че­ти­ри ни­воа, са­бор ку­ба­но е пос­лед­но­то ни­во ка­де што се учи му­зи­кал­ност, се учи да се сви­ри на ин­стру­мен­ти, но су­шти­на­та е да на­у­чиш да сле­диш ри­там за да мо­жеш да тан­цу­ваш на се­ка­ков вид му­зи­ка.

Кои се тво­и­те пла­но­ви за во ид­ни­на?

Ривера: За­ви­си од мно­гу ра­бо­ти и при­ват­ни, но и про­фе­си­о­нал­ни. Но, Ма­ке­до­ни­ја ја ста­вам пред се­кој друг мо­жен из­бор. Сум ра­бо­те­ла во Ру­си­ја, Ма­ле­зи­ја, Син­га­пур, бев из­ве­сен пер­и­од и во Ср­би­ја. Сум го про­па­ту­ва­ла цел свет, но оста­ну­вам ту­ка.

Пишува: К.Н.К

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top