| четврток, 6 декември 2018 |

За грчката пошта сме Македонија

Испраќа – норвешка амбасада во Атина – адресирано до амбасадорот на Македонија – пратено преку грчката пошта. Ниту ФИРОМ,ниту Скопје, туку Македонија, пратката од амбасадата на Норвешка до нашата амбасада во Атина – причина за бурна реакција од Златна зора, објавува Канал 5.

Телевизијата дошла и до фотокопија на овој документ.

Неонацистите кои го објавија документот коментираат, обвинуваат и бараат одговори од надлежните министерства, но и повторно ги навредуваат Македонците.

„Во дописот од норвешката амбасада до амбасадата на земјата на циганоскопјаните со бес ги читаме зборовите: адресирано до амбасадорот на Македонија.“ – е коментарот на Златна зора. За нив се ова е толку сериозно што дури го поставија и како пратеничко прашање до министерствата за надворешни и внатрешни работи, за развој како и да министерството за Македонија и Тракија.

1. Дали карактеризирањето на примачот како “амбасадор на Македонија” ја одразува денешната позиција на грчката влада во прашањето за името?
2.  Ова неформално и индиректно “признавање” на Скопје како “Македонија” е во рамките на отстапувањто на националниот суверенитето и банкротот во нашата надворешна политика?
3. Какви ќе бидат казните за државните службеници кои го игнорираа или прифатила овој предавнички чин?
4.  Како ќе се гарантира дека нема да се повторат слични феномени од било која служба на државата? – прашува пратеникот од Златна Зора.

И во минатото имало случаи кога грчката пошта примала пратки во кои фигурирало уставното име на Република Македонија, меѓутоа тоа најчесто било со писма испратени од и кон Македонија. Грчката пошта има пракса да става печат: Во Грција признаено како ФИРОМ , но новиот случај е во границите на Грција и дописот е на грчки јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top