| четврток, 6 декември 2018 |

Првата средба на таткото болен од рак со новородениот син

Само неколку недели пред првпат да стане татко Кагнј Венк ја дознал страшната вест – на 26 години му е дијагностициран рак на мозокот во четвртата фаза. Сепак, доживел да го види својот син, а овој убав момент му го овозможиле вработените во болницата во Колорадо.

Лекарите и медицинскиот персонал во болницата ги споиле во иста просторија за да може Венк да присустува на породувањето на неговата сопруга Џесика Ли, а потоа заедно биле и за време на нејзиното заздравуање.

hombre-cancer-uci-conocer-hijo-k0pb-620x349abc

По породувањето на градите го држел новородениот син Левон, а неговата сестра Мариса изјави за „Хафингтон пост“ дека видеото е снимено за семејството секогаш да го запамети тој магичен момент.

Венк моментно е на третман со радијација и со хемотерапија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top