| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на најновата туристичка мобилна апликација на „гугл“

Македонија е една од земјите која со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација на „Гугл“ – Гугл трипс (Google trips). Тоа е персонализиран водич за патување, кој им овозможува на туристите на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200. топ-градови во светот препорачани од Гугл. На оваа апликација Македонија е застапена со туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола и други градови, како и со ресторани и хотели низ државата.

Предложените локации се категоризирани според однапред определени стандарди на Гугл – „Top Spots”, „Indoors”, „Farhter Away”, „Places A-Z”.

Мобилната апликација им нуди опција на посетителите да си ги испланираат патувањето со зачувување на своите резервации, посета на омилени дестинации, план за денот, препорака за храна, како и опции што помагаат со дополнителни неопходни информации за конкретната земја. Користењето на апликацијата е можно без поврзаност на интернет, а Гугл ова го прави со следење на неколку информации за патувањето на личноста како хотели, резервации во ресторани и слично, а потоа препорачува активности што можат да се прават во близина на местото каде што се наоѓа туристот.

Очекувањето е дека до крајот на годинава 50 отсто од интернет-резервациите ќе бидат вршени преку мобилен телефон, а до 2019 овој процент ќе достигне 70.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top