| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба од утре, 23 септември 2016 година, ќе читате:

 

republika_br212_520pxЌе го заштити ли СЈО свиркачот?

МТВ воведе специјални стандарди за Катица

До­кол­ку кај не­ко­го по­сто­е­ше и тро­шка на­деж за ква­ли­те­ти­те на СЈО и за про­фе­си­о­на­лиз­мот на но­ви­на­ри­те на СДСМ, Ја­не­ва ја уни­шти по де­се­ти­на се­кун­ди гле­да­ње. За по­ве­ќе тре­ба­ше си­лен сто­мак. За из­др­жу­ва­ње на сме­е­ње­то што сле­ду­ва… Но Ка­ти­ца си е Ка­ти­ца, се­га, се­пак, беа бри­ли­јант­ни  „про­фе­си­о­нал­ци­те“ на СДСМ, кои се за­ко­паа со мон­та­жа­та. Се­чи, ле­пи, раз­у­ба­ву­вај – тоа ли се стан­дар­ди­те што ни не­до­сти­га­ат? А за си­от срам во МТВ ќе од­го­ва­ра „свир­ка­чот“, чо­ве­кот што на јав­но­ста ѝ го овоз­мо­жи це­ло­то, не­мон­ти­ра­но ин­терв­ју со си­те глу­по­сти на Ја­не­ва?! Па, не­ли, СДСМ ед­на и пол го­ди­на се бо­ри за пра­ва­та на „свир­ка­чи­те“ што им ги да­доа „бом­би­те“? Не­ли бе­ше бит­на со­др­жи­на­та, а не из­во­рот? Ка­ко „про­фе­си­о­нал­но“ ви од­го­ва­ра, не­ли…


Опозициски бараби

Свилен гајтан за специјалната обвинителка

Во ва­кви очај­ни окол­но­сти за За­ев и за Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци, ин­терв­ју­то со Ка­ти­ца  Ја­не­ва за МТВ им се по­го­ди ка­ко „кец на де­се­тка“ за да го от­трг­нат од се­бе при­ти­со­кот на јав­но­ста. Спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка е иде­ал­на­та лич­ност во мо­мен­тов, ко­ја мо­же да би­де иско­ри­сте­на ка­ко „ин­стант жр­тва за по­ви­сок ин­те­рес“, со ог­лед на фа­ктот де­ка са­мо таа мо­же да има по­ка­та­стро­фа­лен ја­вен на­стап од Зо­ран За­ев.

Да би­де­ме на чи­сто. Не е тај­на де­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва е да­ле­ку под по­треб­но­то ни­во за вр­ше­ње на оваа мно­гу од­го­вор­на функ­ци­ја. Неј­зи­ни­от ин­те­ле­кту­а­лен и про­фе­си­о­на­лен ка­па­ци­тет одам­на се про­це­не­ти ка­ко сла­би и од јав­но­ста, но и од опо­зи­ци­ја­та и од нив­ни­те „над­во­реш­ни при­ја­те­ли“. Од тие при­чи­ни, ду­ри ѝ бе­ше за­бра­не­то да се по­ја­ву­ва на јав­ни на­ста­ни ре­чи­си од са­мо­то ста­пу­ва­ње на функ­ци­ја­та. Сè до­се­га! Зо­што? Тој што ѝ на­ре­дил на Ка­ти­ца да се по­ја­ви на екран, си­гур­но, не го сме­нил мис­ле­ње­то за неа пре­ку ноќ, ни­ту, пак, оче­ку­вал де­ка со ова ин­терв­ју об­ви­ни­тел­ка­та ќе го по­до­бри реј­тин­гот кај гра­ѓа­ни­те. Уште по­мал­ку де­ка ќе ги кре­не про­фе­си­о­нал­ни­те стан­дар­ди на јав­ни­от сер­вис. (Осо­бе­но не со ва­кво ин­терв­ју.)


Дво­ја­зич­но­ста ка­ко фа­за кон по­дел­ба

За­ев ја турка Македонија кон федерализација

Кон­цеп­тот за дво­ја­зич­ност, ка­ко што го прет­ста­ву­ва За­ев, во­оп­што не е на­и­вен. Ни­ту, пак, е не­гов, а не е ни екск­лу­зи­вен опи­тен за­јак за тој кон­цепт. Дво­ја­зич­но­ста е дел од фа­зи­те кон фе­де­ра­ли­за­ци­ја, про­ект на „по­ви­со­ки­те при­ја­те­ли“ на За­ев. Оби­дот за од­зе­ма­ње­то на при­ма­тот на ма­ке­дон­ски­от ја­зик пре­ку дво­ја­зич­ност трае по­дол­го вре­ме. Си­му­ла­ци­ја­та на гер­ман­ска­та ам­ба­са­дор­ка Кноц во 2009 го­ди­на, бри­ше­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ја­зик во ООН во 2010 го­ди­на, Пред­лог-ре­зо­лу­ци­ја­та на Хо­вит во ЕП во 2014 го­ди­на, па и дво­ја­зич­ни­те прес-кон­фе­рен­ции во СЈО се са­мо дел од на­ма­лу­ва­ње на зна­че­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ја­зик, фе­де­ра­ли­за­ци­ја и по­тоа лес­но пре­и­ме­ну­ва­ње на др­жа­ва­та и на на­ро­дот.


Колумна: Горан Момироски

Поразот на СДСМ е сигурен, прашањето е дали кризата ќе продолжи?

Ма­ке­дон­ска­та из­бор­на ра­вен­ка е не­поз­на­та са­мо во де­лот за раз­ли­ка­та ме­ѓу по­бед­ни­кот и вто­роп­ла­си­ра­на­та пар­ти­ја, не­што што е ка­ра­кте­ри­сти­ка на си­те из­бор­ни цик­лу­си од 2008 го­ди­на на­ва­му и, пред сѐ, во од­нос на по­стиз­бор­но­то сце­на­рио. Ре­чи­си е си­гур­но де­ка по­ра­зе­ни­от, кој спо­ред си­те ана­ли­зи ќе би­де СДСМ, не­ма мир­но да го при­фа­ти ре­зул­та­тот, што не­кол­ку па­ти бе­ше по­ра­ча­но и од опо­зи­ци­ски­те акти­ви­сти. Про­мо­ви­рај­ќи го мо­то­то „Ако по­бе­ди­ме, из­бо­ри­те се фер, ако за­гу­би­ме, ре­зул­та­ти­те се фал­си­фи­ку­ва­ни“, опо­зи­ци­ја­та јас­но ни по­ра­ча де­ка во Ма­ке­до­ни­ја под при­ти­сок на стран­ци­те ќе се одр­жат из­бо­ри, но тие не се га­ран­ци­ја за за­вр­шу­ва­ње на кри­за­та.


Колумна: Ацо Станковски

Потрес

Зна­чи, ова не бе­ше бож­ја каз­на, ка­ко што ве­лат ста­ри­те и му­дри прос­ле­ду­ва­чи на жи­во­тот, ту­ку са­мо ед­но же­сто­ко пре­ду­пре­ду­ва­ње од стра­на на про­ви­де­ни­е­то, со цел да нѐ отрез­ни и раз­бу­ди од на­ши­те иди­от­ски илу­зии на се­кој план, пред сѐ, на пла­нот на ѕвер­ско­то сен­зи­би­ли­зи­ра­ње на на­ро­дот од бле­фо­ви­те и глу­по­сти­те на днев­на­та по­ли­ти­ка.

Одед­наш, си­те тие ре­ке­та­ри и уце­ну­ва­чи, крад­ци и убиј­ци, лаж­лив­ци и ма­ни­пу­ла­то­ри, без ог­лед на тоа да­ли до­а­ѓа­ат од до­маш­на­та, или, пак, од ме­ѓу­на­род­на­та про­ви­ни­ен­ци­ја, си­те тие по­лу­бо­го­ви и ку­ми­ри про­пад­наа во се­кун­да, нив­ни­от авто­ри­тет, кој пред по­тре­сот го мал­тре­ти­ра­ше ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво со ме­се­ци и го­ди­ни, уце­ну­вај­ќи, за­ка­ну­вај­ќи се, со си­те мож­ни кри­ми­нал­ни стра­те­гии и та­кти­ки, одед­наш ста­наа ни­кој и ни­што, ти­гри од хар­ти­ја, ми­зер­ни­ци и ин­се­кти, кои во се­кун­да мо­жат да би­дат смач­ка­ни ка­ко гни­ли кру­ши, ис­чи­сте­ни од ли­це­то на све­тот ка­ко ни­ко­гаш и да не по­сто­е­ле.


Писма, документи и сведоштва

Псевдонимите на ВМРО

Уште од са­мо­то по­ја­ву­ва­ње, Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја се на­о­ѓа­ше во иле­га­ла. За­ра­ди ка­ра­кте­рот на деј­но­ста, ре­во­лу­ци­о­не­ри­те во ме­ѓу­себ­на­та пре­пи­ска че­сто ко­ри­сте­ле или ши­фри, или псев­до­ни­ми. За це­лос­на ре­кон­струк­ци­ја на деј­но­ста на МРО би­ло не­оп­ход­но де­ши­фри­ра­ње на до­ку­мен­ти и на пис­ма, а, исто та­ка, и раз­о­ткри­ва­ње на псев­до­ни­ми­те.

До­ку­мен­ти­те на Охрид­ски­от ре­во­лу­ци­о­не­рен округ и пис­ма­та на Хри­сто Узу­нов ги де­ши­фри­ра не­го­ви­от брат Ан­гел Узу­нов. Ан­гел Узу­нов и не­го­ви­от син за олес­ну­ва­ње на ра­бо­та­та со до­ку­мен­ти­те на МРО ја со­ста­ви­ле сво­ја­та кар­то­те­ка на псев­до­ни­ми на лич­ни ими­ња и на на­се­ле­ни ме­ста. Псев­до­ни­ми­те од вре­ме­то ме­ѓу две­те свет­ски вој­ни ги зна­ел Ан­гел Узу­нов, од сво­ја­та деј­ност во својс­тво на пун­ктов на­чал­ник на ВМРО во Ќу­стен­дил.

Кар­то­те­ка­та на псев­до­ни­ми на Ан­гел Узу­нов и на не­го­ви­от син е од по­себ­но зна­че­ње за се­кој што ра­бо­ти со до­ку­мен­ти на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја и за се­кој што се ин­те­ре­си­ра за исто­ри­ја на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба.


Двоглед

За­ев: Ја­не­ва мно­гу ме по­тсе­ту­ва на Зо­ран За­ев

 Ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, де­не­ска има­ше из­ја­ва по по­вод кри­ти­ки­те на огро­мен дел од јав­но­ста по ин­терв­ју­то на Ка­ти­ца Ја­не­ва на МТВ.

– Зна­чи си­те кри­ти­ки кон Ја­не­ва се не-ос-но-ва-ни. Ја­не­ва Ка­ти­ца е еден го­лем про­фе­си­о­на­лец, зна­чи вр­вен про­фе­си­о­на­лец, кој мно­гу ме по­тсе­ту­ва на ме­не, ра­бо­ти ка­ко што би ра­бо­тел јас и ду­ри и во ин­терв­ју­а­та збо­ру­ва ка­ко што збо­ру­ва Зо­ран За­ев. Ка­ти­ца мно­гу ме по­тсе­ту­ва на За­ев – из­ја­ви За­ев.

*** Цел­та на „Двог­лед“ е да се свр­ти вни­ма­ни­е­то на одре­де­ни по­ја­ви во оп­штес­тво­то. Се­ко­ја слич­ност со ви­стин­ски­те лу­ѓе и ин­сти­ту­ции е слу­чај­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top