Ерика Бурч фотографирала еден татко како својата ќерка низ супермаркетот Волмарт во САД, ја држел и ја влечел за коса, додека ја туркал количката за купување низ продавницата.
– Тој имаше фатено дел од косата на девочјето кој го притискаше за рачката на количката. Таа го молеше и му викаше – Тато, престани те молам, ветувам дека повеќе нема да удирам, напишала Ерика на друштвените мрежи.
Таа доала дека не можела да верува на тоа што го видела и дека така никој не треба да се однесува ниту со животни, а камо ли со деца.
– Му реков да ја остави на мира, а тој ми рече да си ја гледам својата работа. Повторно му реков веднаш да престане да ја влече, а тој ми врати со зборовите – и јас така израснав, па што ми фали, додала Ерика.
Дежурниот полицаец пред маркетот не сакал да интервенира затоа што немало траги на насилство на девојчето.
Но, по многубројните жалби кои стигнале до полицијата во Кливленд, на официјалната страна на полицијата било објавено дека случајот сепак ќе биде испитан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.