Македонската кошаркарска федерација денес во конгресната сала на СЦ „Јане Сандански“ одржа прес-конференција воочи Суперкупот кој ја најавува новата сезона. МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Куманово и Фени Индустри се учесниците на турнирот кој ќе се одржи во четврток и петок и ја најавува новата сезона. Пред првото полуфинале меѓу МЗТ Скопје и Фени Индустри двајцата тренери најви корисен тест натпревар пред почетокот на сезоната.
– Овој дел е дел од подготовките со кои полека влегуваме во последната фаза. Ни треба уште време да се воиграме, ни требаат натпревари, па ќе ги искористиме натпреварите од Суперкупот за подготовка. Ќе ја темпираме формата си не одиме по секоја цена на трофеј“, смета тренерот на „металците – Емил Рајковиќ.
Тренерот на Фени Индустри, Љупчо Малинков е мотивиран пред мечот со шампионот и победникот на Купот.
– Подготовките ги започнавме на 10 август, а вчера ни се приклучи и Кире Николовски. Верувам дека сме подготвени да се прикажеме во добро светло. МЗТ Скопје е фаворит, но мислам дека ова натпреварување ќе биде добра припрема за првенството и на БИБЛ лигата – рече Малинков.
Победникот од ова полуфинале ќе се сретне со поуспешниот од мечот Карпош Соколи – Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.