Ракометарката на Вардар Андреа Лекиќ денес подлегна на операција на менискусот на левото колено. Операцијата минала во најдобар ред и сега претстои периодот на рехабилитација.
Бекот на актуелниот шампион на Македонија ќе го пропушти почетокот на новата сезона, поради рехабилитација од хируршкиот зафат, а според првичните проценки нејзиното отсуство од терените ќе биде од четири до шест недели.
При првата контрола ќе има увид во текот на рехабилитацијата и кога би можела да почне со полесни тренинзи. Србинката нема да ја почне новата сезона во Лигата на шампионите со ЖРК Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.