Вчера официјално завршија квалификациите за Евробаскетот следната година, па познати се сите 24 репрезентации кои ќе играат на континенталниот собир. Од поодамна директен пласман обезбедија Шпанија, Србија, Литванија, Хрватска, Франција, Грција, Латвија, Чешка и Италија.
Низ овој квалификациски циклус им се приклучија Словенија, Исланд, Русија, Полска, Црна Гора, Унгарија, Велика Британија, Белгија, Украина, Грузија и Германија. Кога ќе ги придодадеме и четирите организатори на Евробаскетот, Финска, Израел, Романија и Турција ќе дојдеме до бројката од 24 селекции.
Ждрепката на групната фаза е закажано за 22 ноември во Истанбул, а титулата од минатата година ја брани Шпанија. Македонската репрезентација по една деценија нема да учествува на едно Европско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)