| четврток, 6 декември 2018 |

Со минимална победа над Велика Британија, Македонија ќе ги задржи шансите за ЕП

kosarka reprezentacija

Македонската кошаркарска репрезентација оваа недела ги игра двете најзначајни средби во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. Вечерва од 19.00 часот на домашен терен во салата „Јасмин“ во Кавадарци нашите најдобри кошаркари имаат мисија да возвратат на должникот Велика Британија, а в сабота во Шолнок во последното шесто коло од 16.30 часот гостуваме кај Унгарија.

Само со две победи над Велика Британија и Унгарија „црвено-жолтите“ ќе бидат скоро сигурни патници на Европскиот шампионат, а во спротивно нашата селекција би ја завршила низата од четири последователни учества на собирот на најдобрите селекции од Европа.

Нашите најдобри кошаркари вечерва очекуваат голема помош од навивачите. Со поддршка од полните трибини и максимално ангажирана и борбена игра веруваат дека ќе падне силната селекција на Велика Британија. Кошаркарите треба да го одиграат најдобриот натпревар во досегашниот тек од квалификациите за да ја остварат посакуваната победа, која би ги одржала во игра. Потребна е добра одбрана за бековите Андрју Лоренс и поранешниот НБА кошаркар Бен Гордон и за ефикасното крило Даниел Кларк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top