Колку што е неприкосновен во атлектиката, толку е и желен за внимание. И знае да го заврти кон себе. Неприкосновениот Усеин Болт сме го виделе во најразлични ситуации, најчесто во жолто-зелениот дрес, а по ЛОИ 2016 во Риого видовме и разуздан во кревет. Моќта која ја црпе од непобедливоста ја презентира на симпатичен начин, секогаш позира, па така и на оваа фотографија, под која напишал дека е подготвен за на работа.
Ретко го гледаме во одело наместо во дрес, а фотографиран е покрај својот знател нисан гт-р, еден од најбрзите автомобили што можат да се купат денес во светот.
Како дел од партнерството со Нисан, Болт помогнал во развојот на единствениот примерок на гт-р обоен во златна боја и со негов потпис, кој во внатрешноста има делови обложени со вистинско злато.
Првиот примерок од овој модел беше понуден за продажба на аукција на иБеј, а парите од продажбата ги доби Фондацијата „Усеин Болт“, која им помага на децата и младите луѓе во неговата татковина Јамајка.
Олимпиецот помага на изработката на лимитирана серија на специјални гт-р модели. Гт-р автомобилите со ознака Болт се продаваат низ целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.