| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена е тајната зошто Болт е најбрз човек на светот

Спеццијализирана спортска телевизија направи научна анализа на трката во која Јусеин Болт го собори светскиот рекорд на 100 метри.

Јамајканецот на Светското првенство (СП) во 2009 година оваа делница ја истрча за неверојатни 9,58 секунди.

Осум години подоцна Болт на Мундијалот во Лондон ќе настапи последен пат во кариерата во која има осум златни олимписки медали.

„Јуроспорт“ во својата анализа од научен аспект укажува што му овозможи на Болт да го собори рекродот паралалено покажувајќи што го оневозможи Тајсон Геј да го следи во трката.

Болт на истиот натпревар во Берлин го собори светскиот рекорд на 200 метри, истрчувајќи 19,19 секунди.

СП во Лондон почнува во петок, а Болт освен на 100 метри, ќе настапи уште само во штефетанта трка на четири пати по 100 метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top