Денеска во Лондон почнува 16. Светско првенство (СП) во атлетика кое ќе го одбележат неколку настани. На Олимпискиот стадион во Стратфорд за последен пат ќе настапат неколку ѕвезди кои изминатата деценија ставија огромен печат во историјата на кралицата на спортовите.
Своите последни трки во кариерата во Лондон ќе ги истрчаа Усаин Болт, а збогум на атлетиката ќе и каже и ѕвездата на долги патеки, Мо Фарах.
Болт во својот прошателн настап во Лондон ќе настапи во трката на 100 метри и во штафетата 4 пати по 100 метри. На ова последно СП во неговата кариера, светскиот рекордер нема да го видиме во трката на 200 метри. Болт одлучи да настапи само во две дициплини.
– Сакам да ја завршам кариерата како победник. Ги исполнив сите свои цели и време е за збогум. На спортот му донесов блескави резултати и многу забава– изјави Усаин Болт пред својот прошателн настап на СП во Лондон.
После Лондон, атлетиката ќе остане посиромашна за уште една голема ѕвезда. Британскиот атлетичар Мо Фарах исто така најавува победнички крај на својата богата кариера. Специјалистот за долги патеки, во Лондон атакува на шеста двојна титула на 5.000 и на 10.000 метри. Походот на Фарах почна токму од Олимпискиот стадион во Лондон на Олимпијадата во 2012 година. Во изминатите шест години, Британецот освои две двојни титули на светските првенства, една на европските и две на олимписките игри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.