Усеин Болт освои бронзен медал на својата последна трка на 100 метри која ја истрча пред два дена, но иако тоа беше далеку од неговите очекувања и од очекувањата на фановите, тие сепак покажаа колку го сакаат и го почитуваат Јамајканецот. Болт доби неизмерна поддршка на последниот спринт, а воодушевен од кариерата на Јусеин е и неверојатниот Џанлуиџи Буфон кој со оригинална порака го испрати најбрзиот човек на денешницата.
„Секоја историја има свој крај. Кога почетокот е неверојатен, крајот треба да биде за паметење. Најбриот човек на сите времиња, молњата на атлетиката заминува во пензија. Тоа е неизбежно. Но и неверојатно. Како што беше цела негова кариера. Но, во живтото никогаш не застанувате да трчате. Ти го правиш тоа на една друга патека. Затоа, продолжи да трчаш молњо Болт додека целиот останат свет се обидува да те достигне“, пишува Буфон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.