| четврток, 6 декември 2018 |

Оргии на прошталната турнеја – Усеин Болт со голи убавици уживаше во џакузи!

За време на престојот во Мелбурн, кој е еден од неговите станици на прошталната турнеја, најбрзиот спринтер на сите времиња, Усеин Болт, реши да се забавува со две девојки во хотелот.

Иако е во врска со 27 годишната Каси Бенет, која ја нарекува прва дама, изгледа 31 годишниот Болт нема ништо против да има и втора дама, а и трета.

Како поинаку да се објасни информацијата на австралиските, а потоа и британските медиуми, дека после забавата во ноќниот клуб во Мелбурн, тој решил Британката Гему Кејсмор и нејзината австралиска пријателка Стефани Мал да ги одведе во луксузната вила која ја закупил во рамки на хотелскиот комплекс.

Болт во вилата дошол без горнеиот дел од облеката, веднаш нарачал коктели, а според наводите на Сандеј Мирор, работите таму се разгореле.

Девојките ги испиле своите пијалоци, Стефани Мел ја соблекла сета облека, додека послугата се уште била во близина, а нејзината другарка Гема гола ја фотографирала во џакузито на Болт.

Овие две 24 годишни девојки вилата на Болт ја напуштиле во пет часот изутрина.

Што се однесува до девојката на Болт, Каси Бенет, таа е на Јамајка, каде води хуманитрана организација која им помага на децата. За забавата на своето момче изгледа не се грижи премногу.

-Газдата е во Австралија, на проштална турнеја. Работи и се забавува. Австралија е една од неговите омилени места, така што…тој ужива -рекла неодамна девојката на Болт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top