Раул Гонзалез, стратегот на Вардар, е задоволен од победата од 29-22 над Веспрем во СЕХА-лигата и вели дека македонскиот првак бил далеку подобар противник на паркетот.
-Секогаш кога се игра против Веспрем имаме голема мотивација. Дадовме сè од себе, бевме далеку подобри од претходните мечеви во СЕХА лигата. Моите играчи беа одлични на теренот, Милиќ исто беше добар меѓу стативите. Пофалба за мојот тим посебно како играше во нападот. Задоволен сум од оваа победа, но секогаш одиме на подобро- изјави Гонзалез по натпреварот.
Хавиер Сабате челникот на Веспрем им ја честиташе победата на вардарци во СЕХА-лигата.
-Честитки за Вардар, ова беше заслужена победа. Одиграа одличен натпревар, имаат навистина добар тим и добар тренер, дефинитивно се еден од кандидатите за „фајнал-фор“. И лани го кажав истото кога се сретавме во четвртфиналето. Тие одиграа подобро во одбраната, доста агресивно, ние примавме многу лесни голови, а во напад не бевме добри и бевме доста спори. Плус, распложени беа Карачиќ и Циндриќ, кои даваа голови и повлекуваа. Беа побрзи во нападите, исто и Милиќ беше фантастичен, посебно во второто полувреме. Одбрани неколку шутеви во клучните моменти. Ќе мора да работиме напорно и да покажеме дека ова беше само лош ден- изјави Сабате.
Унгарците имаат само 24 часа да рекуперираат и утре само да ја сменат салата и противникот и да се надеваат дека ќе успеат и да го сменат конечниот резултат.
Нареден меч за Вардар во СЕХА-лигата е во вторник, кога во Скопје гостува ППД Загреб на Веселин Вујовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.