| четврток, 6 декември 2018 |

Британски „Телеграф“: 25 извонредни работи што не сте ги знаеле за Македонија

Британскиот весник „Телеграф“ објави репортажа по повод Денот на независноста на Република Македонија. Во текстот насловен „25 значајни работи што не сте ги знаеле за Македонија“ објавен на веб страницата на „Телеграф“ се наведуваат 25 факти кои се помалку познати за пошироката британска и европска јавност.

1. Таа е „Република Македонија“ за тебе

Постојат контроверзи околу името на земјата со Грција, која тврди дека има право на користење на името Македонија со кое е именуван нејзин северен регион, а кој опфаќа територија од античка Македонија. Спорот се уште е „врел компир“ поради што земјата наместо официјалното име Република Македонија се именува како Поранешна југословенска Република Македонија или скратено ПЈРМ.

2. Таа е висока

Македонија има над 50 езера и 34 планини повисоки од 2.000 метри. Таа е петта според просечната надморска височина во Европа со 741 метар зад Андора, Швајцарија, Австрија и Турција.

Телеграф Козјак 2

3. Таа е и стара

Без да навлегуваме во тоа каде Грција почнува, а Македонија завршува, античкото кралство Македонија датира од 808 година п.н.в. кое било управувано во најголем дел од Аргидите, династијата која е и негов основач. За главниот град Скопје се вели дека е стар 7.000 години.

4. Толку стара што….

Се вели дека делови од крстот на кој Исус бил распнат се наоѓаат во три манастири во земјата: Св. Богородица Пречиста во Кичево, Св. Јован Бигосрки и Св. Ѓорги Победоносец во Дебар. Низ целата земја има близу 1.000 цркви и манастири, а само во Охрид имало 365 цркви, по една за секој ден од годината. Поради тоа е познат како Ерусалим на Балканот.

5. Но, има само едно место на листата на УНЕСКО

Охрид е единственото место во земјата на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО. Градот и езерото со своите културни и природни карактеристики се вброени како едно од само 28-те места во светот кои тоа го поседуваат.

6. НАСА е љубител

Кокино кое се наоѓа на север од земјата, е една од најстарите опсерватории во светот и според НАСА, датира од 19 век п.н.в.. Тоа е вклучено на привремената листа за заштита на УНЕСКО

Телеграф мајка Тереза 4

7. Има света ќерка

Мајка Тереза од Калкута која неодамна беше прогласена за светица од Папата Франциско е родена во Скопје во 1910 година, а по етничко потекло е Албанка. Денес, има статуа и музеј посветени на нејзиниот живот.

8. … и голем син

Александар Велики, крал на некогашното кралство Македонија беше првиот светски освојувач кој ја прошири империјата преку Грција и Персија до Индија и Египет. За тоа кому му припаѓа има чудна забелешка од Грција, поради што…

Телеграф Воин на коњ 5

9. Оваа голема статуа е малку мистериозна

Голема контроверзна статуса на плоштадот во центарот на Скопје е именувана како „Воин на коњ“ иако повеќето посетитетли веруваат дека тоа е Александар Велики. Како и да се нарекува, таа е монументална со 28 метри височина, тежи 30 тони и се проценува дека чини 9,4 милиони евра, и тешко е, а да не почувствувате дека нејзината големина е непропорционална.

10. Има свое Сен Тропе

Трпеица, мало село на брегот од Охридското Езеро е познато како македонско Сен Тропе, вели репортерот на Телеграф Адријан Бриџ кој го посетил ова место во јули, годинава. „Господ знае зошто, но тоа е многу убаво“, вели Бриџ.

11. Се гордее со своите пауни

На јужниот дел од Охрдиското Езеро се наоѓа манастирот Св. Наум кој датира од 910 година, а неговата убавина ја дополнуваат и пауните со своето пеење.

12. Има држава во држава

Селото Вевчани високо на ридовите во северниот дел од Охридското Езеро е познато по своите извори, е привлчено за уметниците, а е познато и по тоа што веднаш по осамостојувањето на Македонија од Југославија објави независна Република Вевчани. Околу 2.500-те жители на селото се уште сакаат да велат за себе дека се одделен ентитет со свои пасоши и валута. И ако испиете доволно Вевчанско вино може да станете почесен граѓанин.

13. Две македонски знамиња

Сегашното државно знаеме е во употреба од 1995 година и претставува златно-жолто Сонце со осум зраци кои се шират кон рабовите. Но, од 1992 до 95 година на него имаше помало Сонце поставено во средината. Малку е изненадувачко кога ќе се дознае дека знамето било сменето по забелешките на Грците кои тврдат дека историски тој симбол бил грчки.

14. Го зачува мирот

Македонија беше единствена република која го задржа мирот при распадот на Југославија.

15. Нема потреба од виза

Сопствениците на британски пасош немаат потреба од виза за престој во земјата до три месеци. Британскиот Форин офис вели дека земјата е безбедна за патување.

16. Главниот град беше потресен

Телеграф Скопје 3

Главниот град Скопје бил погоден од најмалку два разузрнувачки земјотреса во својата историја, од кои последниот се случи 1963 година. Со магнитуда од 6,1 степени земјотресот уништи 80 проценти од градот, а загинаа 1.070 лица.

17. Има „чудовишни“ пештери

За пештерата Пешна се вели дека има еден од најголемите влезови на Балканот и е слична на Хелмовата пештера од филмот „Господар на прстените“.

18. И гигантски крст

Скопје е дом на петтиот најголем крст во светот. Со своите 66 метри височина, Милениумаксиот крст беше изграден за да се одбележи 2.000 годишнината од христијанството во Македонија. Се наоѓа на врвот на планината Водно каде што може да се дојде и со жичарница.

19. Поетите сакаат да доаѓаат таму

Во Струга се одржува фестивалот Струшки вечери на поезијата каде од 1961 година секоја година се собираат најголемите и најпознатите поети во светот. Фестивалската награда Златен венец ја имаат добиено познати поети како Одн, Тед Хјуз и Ален Гинсберг.

20. Има свој Елвис Присли

Тоше Проески, „Балканскиот Елвис Присли“, беше една од најуспешните поп ѕвезди во регионот. Загина на 26 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, но неговиот дух се уште живее во неговиот роден град Ктушево каде што секојдневно доаѓаат негови фанови.

21. И невообичаена свадбарска свеченост

Телеграф Куклица 6

Бизарна низа од камења според легендата претставува свадбена свеченост формирана пред околу 50.000 години. Откриени во Куклица во близина на град Кратово камените фигури прикажуваат невеста, младоженец, кум и деверица.

22. Отоманците оставиле зад себе значајна историја

Бидејќи била дел од Отоманската империја од 14 век, во земјата постојат бројни џамии, вклучувајќи ја и Шарената џамија изградена во 1495 година, која претставува еден од најрепрезентативните примероци на исламската архитектура во светот.

23. Има три национални паркови

Македонија има три национални паркови од кои најголемиот е Маврово. Основан во 1949 година има вештачко езеро, а во него се и некои од највисоките планински врвови во земјата, што овозможува скијање и сноубординг во текот на зимата. Во импресивните шуми во Маврово можат да се најдат сто ретки видови дрвја, а планинсите врвови се богати со диви билки и чаеви.

24. Фудбалот е во ред…

Но, ракометот е спорт со најмногу успеси (иако не е толку популарен како фудбалот). Во 2002 Женскиот ракометен клуб „Кометал“ стана европски шампион. Националниот тим не се квалификува за Олимпијадата, но сепак е многу популарен.

25. Никој не го знае вкусот на нивниот национален пијалок

Телеграф Тавче гравче 7

Македонската кујна поради географската позиција е инспирана од медитеранската и турската, а помалку и од италијанската, германската и источноевропската. Тавче гравче се смета за национално јадење додека Мастиката е национален пијалок.

Автор на фактографската репортажа на „Телеграф“ е Хју Морис, а во неа се користени материјали на Адријан Бриџ кој ја посети Македонија во јули годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top