Жена се породила во авионот на либиската компанија „Бурак-ер“ на летот од Триполи до престолнината на Нигер, Ниамеј. Во породувањето помогнале членовите на екипажот, донесувајќи на свет здраво момче, пренесе „Си-Ен-Ен“.
Либиската авиокомпанија на „Фејсбук“ објави дека на својот млад патник му доделила бесплатни летови на своите линии до крајот на животот.
„Си-Ен-Ен“, исто така, пренесе и дека мајката му го дала на синот името Абудл Басет, по капетанот на авионот во кој се породила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.