| четврток, 6 декември 2018 |

Авион прегази човек на писта

Патнички авион кој денеска слета на аеродромот „Шереметјево“ во Москва прегази маж кој починал на самото место, соопшти претставникот за медиуми Ана Захаренкова.

„Патничкиот авион кој пристина од Атина слета на пистата и додека се местел посадата пријавила судар со неидентификуван објект. Потоа е пронајдено тело на човек чија облека и лични работи биле расфрлани наоколу“, соопшти Захаренкова.

Мажот е идентификуван, а полицијата е известена за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top