| четврток, 6 декември 2018 |

Трговски трикови за да трошиме повеќе

Цената на производот и местото каде е ставен ни малку не е случајно.

Трговците нарачуваат истражувања за да ја зголемат продажбата и да ги задржат купувачите што подолго. Во маркет најдобро е да се оди со список, за да не купувате работи кои не ви се потребни.  Правило е дека најскапите брендови се истакнати на видни места за купувачите. При брзање ќе ги земете нив, без да побарате слични или поевтини.

Плаќаш едно, а добиваш две или плаќаш три, а добиваш четири пакувања. Ова би требало да биде исплатливо, но често и не е така.  Во такви ситуации треба да ја знаете реалната цена на еден производ.

Кога купувате ја гледате цената, а големината на пакувањето? Поголемите пакувања се поисплатливи. Ако некој производ редовно го користите повеќе се исплати да земете големо пакување.

Се нудат акции и попусти, па дури и ако некои производи се издвоени не значи дека се поевтини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top