| четврток, 6 декември 2018 |

Моника и Лола ја продаваат својата невиност: Цената стигнала до 20 000 евра, а наддавањето се уште не e завршено

Две студентки од Холандија, Моника (20) и Лола (18) се одлучиле да ја продадат својата невиност преку интеренет за највисоката понуда која што ќе пристигне. Тие се приклучиле на контроверзниот веб-сајт “Cinderella Escorts”, за како што велат, да си ги решат финансикиот проблеми и да си обезбедат пари за високо образование.

– Сакам да ја продадам својата невиност за да можам да платам за моето високо образование и да не се грижам за пари додека сум на колеџ. Исто така парите ќе ги искористам и за да им помогнам на моите родители да отплатат дел од долговите. И онака ретко кој останува цел живот со оној со кој прв пати има секс, па зошто јас за тоа да не го направам со некој фин човек кој ќе биде спремен да плати, вели Лола во своето видео обраќање до заинтересираните.

Моника пак вели дека се уште не може да најде вистинска личност со која ќе го има првотосексуално искуство, па на овој начин тоа ќе го сторни, но и ќе заработи.

Аукцијата за овие девојки се уште е отворена на споменатата веб страна, а понудите за овие девојки поединечно стигнале скоро до 20 000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top