Граѓаните го видоа недомаќинското работење на владата на СДСМ и Заев.
-Заев и СДС со вакво расипничкото трошење и цедење на државната каса, за брзо време ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот. Крајот на ова недомаќинско работење на владата на СДС и Заев ќе заврши на претстојните локални избори на 15-ти октомври. Граѓаните ќе ја казнат лошата политика на Заев и СДС. Граѓаните ќе го поразат Зоран Заев и СДС, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради ПЕТ-центар, а вкупната инвестиција изнесуваше 16 милиони евра. Станува збор за најсложен здравствен објект изграден во историјата на Република Македонија, за кој е обезбедена најсовремена опрема. ПЕТ- центарот овозможи примена на најсовремена метода за рано дијагностицирање на болести, нивно следење, лекување, како и следење на успешноста на терапијата, информира ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
-Неспособната влада на СДС расипнички потроши над 350 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви за само 100 дена. За овие пари можеше да се изградат дури 21 ваков објект со најсовремена здравствена опрема. Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на владата на СДС. Потрошија три месеци и 350 милиони евра, а единствено од тоа резултат е набавката на мебел, лешници, фстаци, дебели хонорари за шарени револуционери, твитер ликови, анонимни поети и пропаднати комедијанти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.