| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период

Клубовите од англиската Премиер Лигата потрошија 430 милиони фунти за трансфери оваа зима.

Ова е нов рекорд, а сумата е речиси двојно поголема од 225 милиони фунти достигнати во 2011 година, објавија тамошните медиуми.

Најскапите трансфери се на Вирџил ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул за 75 милиони фунти, Емерик Лапорт од Атлетик Билбао во Манчестер Сити за 57 милиони и Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмун во Арсенал за 56 милиони евра.

Приходи од продажба на фудбалерите што ги остварија клубовите во јануарскиот трансфер рок изнесуваат 340 милиони фунти, што исто така е рекорд за овој период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top